Кралица на новогодишната трпеза: Класичен рецепт за сарма со зелка

Кралица на новогодишната трпеза: Класичен рецепт за сарма со зелка

Празниците кои следат не можат да се замислат без сарма. Направете највкусна.

Состојки:

  • 1 кисела зелка
  • 400 гр. мелено месо
  • 1 шолја ориз
  • 1 кромид
  • вода, сол, брашно, црвен пипер, вегета, бибер
  • масло

Подготовка:

  1. Се пржи сечен кромид на масло со  меленото месо, се додава вегета и црвен пипер.
  2. Се вари оризот и се меша со смесата од месо.
  3. Се мие и дели зелката на листови.
  4. Се ставаат во секој лист неколку лажици смеса и се витка сарма.
  5. Се редат во шерпа со вода и се варат 50 минути.
  6. Кога се готови се запржуваат така што се загрева масло во тава со брашно и црвен пипер и се става во шерпата.
  7. Се остава да врие 10 мин.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте