Вистинско зимско јадење: Грав со ребра

Вистинско зимско јадење: Грав со ребра

Подгответе грав на овој начин, ќе го обожавате!

Состојки:

  • 500 гр грав
  • 600 гр суви ребра
  • 2 главици кромид
  • 150 гр масна сланина
  • 5-6 чешниња лук
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица мелена црвена пиперка

Начин на подготовка:

  1. Потопете го гравот преку ноќ. Наредниот ден исечкајте кромид и лук и ставете во тенџере. Тука додајте ги сувите ребра и сланината. Посолете, побиберете и измешајте ги сите состојки во тенџерето. 
  2. Гответе го гравот околу 2 часа или додека не омекне. Направете запршка, така што ќе ги растопите лажица маст и во тоа ќе ставите лажица црвена пипер и лажица брашно. Додајте во гравот и оставете да врие уште 5-10 минути. Сервирајте и уживајте!

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Igy the cook“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо