Панцероти од рерна – Појадок кој не е масен а од него тече фил

Панцероти од рерна – Појадок кој не е масен а од него тече фил

Направете панцероти од рерна без многу масло.

Состојки:

  • 1 дл. млака вода
  • 1 дл. млеко
  • 1 дл. јогурт
  • 1 лажица шеќер
  • 1,5 лажици сол
  • 1 кесе квасец
  • 4 лажици масло
  • 2 јајца
  • брашно по потреба(колку ќе впие)
  • кечап, шунка, кашкавал и шампињони

Подготовка:

  1. Се меси тесто од сите состојки за тесто и се става брашно за да се замеси, со рака ќе видите колку е доволно.
  2. Се остава да нарасне.
  3. Се премесува тестото и се земаат топчиња од него, се развлекуваат малку и се става фил.
  4. Се замотуваат како панцероти и се ставаат на плех со хартија.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед