Ручек за паметење: Италијанско пилешко

Ручек за паметење: Италијанско пилешко

Со ова месо можете да послужите зеленчук како прилог.

Состојки:

  • 1/2 кг бело пилешко месо
  • 3 лажици маслиново масло
  • 4 чешниња ситно сечкан лук
  • 1 главица ситно сечкан кромид
  • 2 свежи, исечкани домати
  • оригано
  • босилек
  • сол
  • бибер
  • сирење моцарела

Начин на подготовка:

  1. Филетите бело месо испечете ги на една лажица маслиново масло по 5 минути од двете страни така што ќе поруменат. Извадете ги и оставете ги на топло.

     

  2. Во истата тава додајте две лажици масло и пропржете лук и кромид, додајте домати и зачини, па динстајте околу 15 минути. Месото наредете го во огноотпорна чинија, прелијте со сос од домати, прекријте со листови сирење и запечете во рерна така што сирењето ќе се растопи.

Добар апетит!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед