Банатски гулаш

Банатски гулаш

Оригинален рецепт за вкусен банатски гулаш…

Состојки:

  • 1 кг јунешко месо
  • 4 лажици масло
  • 200 гр кромид
  • 2 чешниња лук
  • 50 гр сланина Пекабеско
  • 2 лажички црвена пиперка
  • сол
  • 100 мл бело вино

Начин на подготовка:

  1. Јунешкото исечкајте го на коцки и пропржете на масло.

     

  2. Месото извадете го, а на истата маснотија продинстајте ситно сечкан кормид и лук. Додајте на коцки исечкана сланина, пропржете, па додајте црвена зачинска пиперка и сол. Динстајте со доливање вода додека месото не омекне, околу 2 и пол часа.

     

  3. Пред крајот додајте бело вино. Во чинија ставете пире од компири, преку ставете гулаш и послужете. Наместо компири можете да послужите и палента.

Добар апетит!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед