Омилената намирница со нов вкус: Компир со лимон, лук и оригано

Омилената намирница со нов вкус: Компир со лимон, лук и оригано

Ви донесуваме интересен рецепт за вкусни компири…

Состојки:

  • 8 лажици путер
  • 1 кг компири
  • 1 лажица маслиново масло
  • 4 чешниња лук
  • 2 лимони
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици исечкани свежи листови оригано

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Растопете путер во поголем сад. Излупете и исечкајте компир со големина од 2,5 см. Компирите додајте ги во растопениот путер, додајте маслиново масло и добро измешајте состојките да се соединат.

     

  2. Иситнете лук и измешајте го со 1/4 мала шолја сок од лимон. Се тоа додајте во компирите, посолете и добро измешајте. Исцедете го вишокот течности. Компирите префрлете ги во лим за печење обложен со хартија за печење. Компирите распоредете ги во еден слој. Печете додека компирите не добијат златно-смеѓа боја (35-45 минути). Во меѓувреме исечкајте оригано и кога компирите ќе бидат готови, посипете со оригано и лесно измешајте.

Добар апетит!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед