Тестенини со тиквички и сирење

Тестенини со тиквички и сирење

Направете уште еден вкусен рецепт во морето рецепти со тестенини.

Состојки:

  • 200 гр. тестенини
  • ½ главици кромид
  • маслиново масло
  • 2 тиквички
  • 100 гр. сирење
  • 2 лажици магдонос
  • сол и бибер

Подготовка.

  1. Се ставаат тестенините во вода со сол и се варат, па се цедат.
  2. Се пржи сечениот кромид на масло, па се додаваат излупените и изрендани тиквички, со зачините.
  3. Се меша сирењето кое се ситни со магдонос и се ставаат тестенините во садот со тиквички, па се става и сирењето.
  4. Се додаваат и 2-3 лажици од водата во која се вареа тестенините.
  5. Се меша се кратко на оган и се служи.