Готова за миг: Паста со зеленчук

Готова за миг: Паста со зеленчук

Тестенините со зеленчук се секогаш вистински избор.

Состојки:

  • 300 гр тестенини по избор
  • конзерва црвен грав
  • 200 гр сок од домати
  • 1 чешне лук
  • стебло целер
  • помала тиквица
  • сол
  • бибер
  • свеж или сушен босилек

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте лук, пропржете го на маслиново масло, па додајте сечкан целер и тиквица. Динстајте. Пред крај ставете сок до домати и грав, зачинете по желба и оставете малку да крчка.

     

  2. Зготвените тестенини прелијте ги со добиената смеса и украсете по желба.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text