Вариво од печурки и костени

Вариво од печурки и костени

Вкусен оброк од печурки и костени…

Состојки:

  • 300 гр костени
  • 200 гр печурки
  • 4 парчиња полубел леб
  • 1 главица кромид
  • 3 лажици павлака
  • 2 дл бело вино
  • 2 лажици масло
  • прстофат мајчина душица
  • сол
  • бибер
  • 1 л бујон

Начин на подготовка:

  1. Згответе и излупете костени, а во меѓувреме излупете и исечкајте печурки. Излупете и исечкајте кромид, пропржете го на масло и додајте печурки. Залијте со вино и мешајте течноста да испари и додајте бујон.

     

  2. Половина од количината костени додајте ги цели, а другата половина изгмечете ги со вилушка и ставете ги во супата. Додајте малку мајчина душица, сол и бибер па гответе уште околу 20 минути. На крај измешајте павлака, пропржете парчиња леб, ставете во супата и послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте