Посна полнета пиперка: Здрав и вкусен оброк за целото семејство

Посна полнета пиперка: Здрав и вкусен оброк за целото семејство

Посен ручек за чиста десетка!

Состојки:

  • 10 пиперки, може и суви
  • 200 гр варен ориз
  • 1 праз
  • веза блитва
  • 1 морков
  • 2 лажици ајвар
  • 100 мл готвен домат
  • 2 домати или компири
  • сол
  • бибер
  • 4 чешниња лук
  • масло

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете сечкан праз па додајте рендан морков. Блитвата обварете ја па исечкајте ја. Оризот згответе го, но не сосема. Во пржениот праз додајте обварен ориз, исечкана блитва, ајвар, сечкан лук, бибер и сол па изедначете.

     

  2. Пиперките измијте ги, извадете ги семките, па наполнете ги. Домати или компири исечкајте на тенки парчиња и затворете ги пиперките. Плехот обложете го со хартија, малку намастете и наредете пиперки. Ставете готвени домати преку нив и масло. Печете на 200 степени 50-60 минути. Послужете топло.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе поврзани вести на Готви.мк

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

Чоколадна баклава