Посебен десерт: Кадаиф со крем

Посебен десерт: Кадаиф со крем

Направете вкусен млечен кадаиф.

Состојки:

  • 2 плеха печен кадаиф
  • 200 гр. ореви ситно сечени
  • цимет по вкус
  • 1 кг. шеќер
  • 1 л. вода
  • 5-6 капки сок од лимон
  • 1-2 ванила
  • 1 л. млеко
  • 100 гр. гриз
  • 1 шолја шеќер
  • 4 јајца
  • 2 кеси ванила

Подготовка:

  1. Се става вода во тенџере, се вари со шеќер, лимон и ванила и се лади, а во меѓувреме се спрема кадаифот и се става шербет на него и се остава околу еден час до два да впие.
  2. Се става за крем млеко на оган со шеќер и гриз, се меша и се става ванила.
  3. Се трга од оган и е ставаат јајцата едно по едно, со мешање.
  4. Се враќа пак на оган и се меша.
  5. Се лади 10 минути.
  6. Се става на дно на плех кадаиф со шербет, цимет и ореви, крем, па другиот дел од кадаифот.
  7. Се лади еден час.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте