Евтино задоволство: За миг направете колач од јаболка

Евтино задоволство: За миг направете колач од јаболка

Брз и вкусен десерт од јаболка…

Состојки:

  • 3 јаболка
  • 2 шолји брашно
  • 1 шолја шеќер
  • 2 јајца
  • 1 дл масло
  • 30 гр путер
  • прашок за печиво
  • ванилин шеќер
  • 1 шолја млеко

Начин на подготовка:

  1. Разматете пенасто јајца со шеќер, додајте млеко, па полека доливајте масло и растопен путер, непрекинато мешајќи. На крај измешајте брашно и прашок за печиво.

     

  2. Налијте ја смесата во намастен калап, од горе наредете „венец“ од излупени и тенко исечкани кисели јаболка.

     

  3. Печете околу 40 минути на температура од 180 до 200 степени. Кога колачот ќе биде готов, посипете го со ванилин шеќер.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте