Во исто време крцкава и мека: Мусака од стар леб и мелено месо

Во исто време крцкава и мека: Мусака од стар леб и мелено месо

Малку поинаков рецепт за вкусна мусака…

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • половина векна бајат леб
  • 4 јајца
  • 100 мл мелко
  • 1 главица кромид
  • 200 гр кашкавал
  • 1 лажица мешавина од зачини
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Во тава со загреано масло пржете ситно сечкан кромид. Додајте мелено месо, посолете и побиберете. Во намастен керамички сад редете парчиња леб. Преостанатите парчиња исечете ги редете ги во садот, така што целото дно ќе биде прекриено со леб. Нанесете смеса од мелено месо, па наредете го останатиот леб.

     

  2. Скршете јајца, додајте лажица мешавина од зачини и разматете. Додајте млеко и со ова прелијте ги парчињата леб, па испечете.

     

  3. Топлата мусака исечете ја на парчиња и сервирајте.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text