Руска салата – задолжително предјадење на сите свечени трпези.
Состојки:
- 150 гр компири
- 150 гр моркови
- 150 гр грашок
- 150 гр кисели краставички
- 200 гр шунка
- 300 гр мајонез
- 2 варени јајца
- 1 лажица сенф
- 2 лажици сок од лимон
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Компирите и морковите исечкајте ги на ситни коцки. Ставете во врела посолена вода и гответе.
- Згответе грашок додека не стане мек. Шунката, киселите краставички и варените јајца исечкајте ги на коцки.
- Сите состојки измешајте ги, додајте мајонез, сок од лимон и зачини. Добро измешајте и ставете во фрижидер да се излади. Сервирајте ладно.
Добар апетит!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути