Вкусна пита со кисела зелка која ќе ја спремите за кратко.
Состојки:
-
½ главици кисела зелка
-
2-3 чешни лук
-
1 јајце
-
200 мл. млеко
-
малку брашно
-
½ кг. кори за пита
-
бибер и црвен пипер
-
масло
Подготовка:
-
Се сече ситно зелката и се пржи на масло, се додава црвен пипер, бибер и ситнет лук.
-
Се мати јајцето и се додава во млекото со малку брашно, сол, масло и се прави смеса како за палачинки.
-
Се шири една кора и се става масло, се прска со малку млеко, па се става зелка.
-
Се витка кората.
-
Се премачкува и горе со смесата со млеко и се става малку масло.
-
Се редат корите во плех и се печат 30 минути на 200 степени.