Полнета погача: Целосен оброк во едно печиво

Полнета погача: Целосен оброк во едно печиво

Вкусна полнета погача…

Состојки:

  • 300 мл млеко
  • 400 гр брашно
  • 50 мл маслиново масло
  • малку сол и шеќер

Состојки за фил:

  • 1 јајце
  • 100 гр сирење
  • 2 црвени свежи пиперки
  • оригано
  • мајчина душица
  • босилек
  • кашкавал
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка црвена пипер во прав

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец во малку млако млеко со лажичка шеќер. Додајте остатокот од млекото, па масло, и остатокот од брашното како и сол. Замесете глатко тесто. Оставете во кеса да одмори 30 минути. Развлечете на дебелина од половина сантиметар, па премачкајте со разматено јајце. Изрендајте сирење, расфрлајте сечкана пиперка како и лук. Посипете со пипер во прав и зачини. Можете да додадете и малку крупна сол и сечкани листови магдонос. 
  2. Свиткајте во ролат, па со остар нож расечете по должина. Изрендајте кашкавал. Покријте со фолија, а рерната вклучете ја на 200 степени, па печете 35 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text