Зелка чорба за зимските денови – Го закрепнува телото

Зелка чорба за зимските денови – Го закрепнува телото

Супер ручек со зелка.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 праз
  • 1 морков
  • 2 чешни лук
  • 1 кг. свежа зелка
  • 1 коцка супа
  • 1 лажиче оригано
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 л. доматно пире
  • 2 л. вода
  • сол

Подготовка:

  1. Кромидот и празот ситно се сечат, па се ставаат во тенџере да се динстаат со масло. Се додава и половина шолја вода и се остава вака 5 минути.
  2. Лукот се сече, морковот се лупи и ренда, па се додаваат на кромидот и празот, и се става уште една шолја вода. Се додава и коцка за супа и оригано.
  3. Зелката се сече ситно, па и таа се става во тенџерето.
  4. Се ставаат доматното пире и водата.
  5. Се динста се околу еден час, па се додава и сол по вкус.
  6. Не и е потребна запршка, убава е вкусна и здрава.