Пилешки шницли во бел сос: Ручек за целото семејство

Пилешки шницли во бел сос: Ручек за целото семејство

Добра идеја за ручек!

Состојки:

  • 600 гр бело пилешко месо
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици брашно + 1 лажичка
  • 2 лажици презла
  • масло
  • сол
  • бибер
  • листови магдонос
  • 200 гр кисела павлака
  • малку млеко

Начин на подготовка:

  1. Месото исечкајте го на шницли па малку исчукајте со чекан за месо. Додајте сол и бибер. Измешајте брашно и презла, па извалкајте ги шницлите. Пржете на тивок оган околу 15 минути.

     

  2. Извадете на чинија, а во таа маснотија ставете 1 лажичка брашно, павлака и добро изедначете.

     

  3. Додајте изгмечен лук, сол, бибер и листови магдонос. По потреба додајте и малку млеко. Готовите шницли прелијте ги со сос.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text