Супер мезе за пријатели и пиво: Печени кикиритки во рерна

Супер мезе за пријатели и пиво: Печени кикиритки во рерна

Направете дома вкусни печени кикиритки за мезе.

Состојки:

  • 500 гр. сирови кикиритки
  • 1 лажица брашно
  • ½ лажици сол

Подготовка:

  1. Се ставаат кикиритките во поширок сад за печење.
  2. Се става брашно со сол во одделен сад и се мешаат, се става малку вода и се меша да се добие убава смеса.
  3. Се прелеваат кикиритките и се мешаат со рака убаво.
  4. Се печат на загреана рерна на 180 степени 40 минути.
  5. По првите 20 минути од печењето ги вадиме и мешаме со лажица, да не се залепат.

singlepost_text