Лута супа со чили

Лута супа со чили

Рецепт за лута супа со чили.

Состојки:

  • 4 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажички шеќер во прав
  • 1 лажичка чили во прав
  • 4 лажици доматно пире
  • 1 л домашни домати
  • 2 л супа (коцка)
  • 2 лажици босилек или оригано
  • 300 гр кисела павлака
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кромид и лук, па продинстајте на масло. Додајте шеќер, чили и доматно пире. Додајте домати и супа. Крчкајте 20 минути на тивок оган. 
  2. Додајте босилек. Побиберете и посолете, ако е потребно. 
  3. Сервирајте ја супата украсена со кисела павлака.

 

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте