Уживајте во студените денови со овој неодолив колач и шолја кафе.
Состојки:
- 3 помали рендани јаболка
- 1 шолја гриз
- 1,5 шолја шеќер
- 1 шолја мелени ореви
- 1 шолја млеко
- 1 шолја масло
- 1 јајце
- прашок за печиво
Состојки за прелив:
- 100 гр чокоалдо
- 1/2 шолја млеко
- 2 лажици шеќер
Начин на подготовка:
- Сите состојки добро измешајте ги, па смесата излејте ја во плех. Печете во рерна на 200 степени. Кога тестото ќе се подигне, прободете со вилушка и проценете дали е готово. Кога ќе биде печено извадете го и прелијте со смесата од растопено чоколадо, шеќер и млеко. Оставете да се излади.
Уживајте!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна