Меки кифли полни со сирење: Печиво за сите вкусови

Меки кифли полни со сирење: Печиво за сите вкусови

Ако не знаете што да подготвите за вечера, ова меко тесто е вистинско решение!

Состојки:

  • 200 мл млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • 10 гр квасец
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 350-400 гр брашно
  • 2 лажици масло
  • малку сол
  • 200 гр сирење
  • малку путер

Начин на подготовка:

  1. Во млако млеко додајте шеќер, јајце и жолчка, масло, брашно и сол и замесете глатко тесто. Оставете малку да одмори па развлечете на дебелина од половина см.

     

  2. Премачкајте со малку путер па на едниот крај распоредете сирење во кое сте додале жолчка. Засечете ленти па свиткајте во кифли почнувајќи од крајот каде што е сирењето.

     

  3. Оставете да одмори додека рерната не се загрее на 200 степени. Печете околу 30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text