Празниците се ближат, а тие не можат да се замислат без линзери.
Состојки:
- 450 гр брашно
- 100 гр мелени ореви
- 2 јајца
- кора од лимон
- малку цимет
- 100-120 шеќер
- 150 гр маст
- 1/2 прашок за печиво
- 1 ванилин шеќер
- 2 лажици џем
- шеќер во прав за посипување
Начин на подготовка:
- Разматете маст со шеќер, додајте јајца, кора од лимон, мелени ореви, малку цимет, брашно со прашок за печиво, сол, и ванилин шеќер и замесете глатко тесто.
- Истанчете го тестото на дебелина од половина сантиметар, па со калап вадете кругови кои имаат отвори на средина. Редете во плех обложен со хартија за печење.
- Печете на 190 степени 15-20 минути. Потоа извадете цели кружни кекси и нив исто така испечете ги како првите. Кога ќе се изладат премачкајте со џем и спојте ги горните и долните делови.
- Посипете со шеќер во прав и послужете.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути