Брз десерт: Вкусни кокос колачи

Брз десерт: Вкусни кокос колачи

Направете колачи со кокос. 

Состојки:

  • 50 мл. вода 
  • 200 гр. шеќер 
  • 200 гр. млеко во прав 
  • 125 гр. маргарин 
  • 50 гр. бело чоколадо 
  • 100 гр. кокос 
  • 50 гр. бело чоколадо за горе 
  • 2 лажици млеко

 

Подготовка:

  1. Се мешаат вода со шеќер на оган и се остава да врие три минути, па се додава маргарин и се меша да се стопи. 
  2. Се става и белото чоколадо и се трга од рингла, со мешање за да се стопи убаво. 
  3. Се става млеко во прав и се мати со миксер две минути. 
  4. Се додава кокос, се меша. 
  5. Се става во калап за триаголници и се стега, или пак во облик по желба, може и топчиња.
  6. Се става потоа горе глазура од бело чоколадо растопено со млеко. 
  7. Се лади и служи.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text