Појадок или вечера: Солени мафини од леб

Појадок или вечера: Солени мафини од леб

Направете вкусни солени мафини за Добро утро или вечера.

Состојки:

  • 12 кришки леб
  • 3-4 кисели краставички
  • 20-30 маслинки
  • 2 домати
  • 4 јајца
  • 30 гр. сирење

 

Подготовка:

  1. Се сечат корите од лебот, па мекиот дел се расукува малку, односно се притиска со сукало.
  2. Се сечат сите други состојки, киселите крставички, маслинките без семки и доматите многу ситно и се мешаат со јајцата.
  3. Се ставаат развлечените кришки леб во калапи за мафини и се става горе смесата.
  4. Се печат на 200 степени 20 минути.

singlepost_text