Брз и вкусен рецепт: Поховани палачинки со шунка и павлака

Брз и вкусен рецепт: Поховани палачинки со шунка и павлака

Прекрасно топло предјадење и вкусно изненадување за целото семејство. Зачувајте го овој рецепт бидејќи брзо се прави и ако изненадно ви се најават гости.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 150 гр брашно
  • 300 мл млеко
  • малку сол
  • малку вода
  • 300 гр Пекабеско шунка
  • 300 гр кашкавал
  • 100 мл Пекабела павлака
  • презла

Начин на подготовка:

  1. Подгответе смеса од 2 јајца, 150 гр брашно, 300 мл млеко, малку сол и вода. Разматете ја смесата и испечете палачинки. Кога ќе бидат готови премачкајте ги со павлака.
  2. Врз намачканата страна ставете тенки парчиња шунка и кашкавал, споете и превиткајте ги краевите. Од сите надворешни страни поминете ги во брашно, јајца и презла.
  3. Пржете ги додека да добијат румена боја.

Добар апетит!

Повеќе рецепти со производите на Пекабеско погледнете ТУКА

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Брз ролат од готови кори со шунка и кашкавал

Солена торта со зеленчук, шунка и кашкавал

Пиперки со кулен и кајмак – Рецепт со кој ќе ги приготвите за 10 минути

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб