Грчка крем пита

Грчка крем пита

Ви нудиме супер рецепт за грчки деликатес, убава пита со крем.

Состојки:

  • 1 кори за пита

     

  • 150 гр. растопен маргарин

     

     

  • 1 л. млеко

     

  • 200 гр. гриз

     

  • 200 гр. шеќер

     

  • 2 кеси ванила

     

  • 1 прстофат сол

     

  • 2 лажици маргарин

     

  • цимет и шеќер во прав за горе

 

Подготовка:

  1. Се става млекото со 200 грама шеќер на оган и се угрева на умерен оган, со мешање од време на време.

     

  2. Се додава потоа сол со две ванилин шеќер и гриз кога ќе зоврие.

     

  3. Се меша да се згусне.

     

  4. Се трга се додава маргарин и се меша да се стопи целосно.

     

  5. Се лади.

     

  6. Се премачкува плех со маргарин и се ставаат 9 кори, се става растопен маргарин, на секоја, па фил и се распоредува. Не се плашете ако се поголеми корите и излегуваат од правоаголниот плех. Завиткајте ги навнатре.

     

  7. Се ставаат горе останатите кори премачкани со маргарин.

     

  8. Се пече на 200 степени 30 минути.

     

  9. Се лади и се става горе цимет и шеќер во прав.
  10. Се декорира по вкус.