Едноставно и вкусно јадење: Гурманска проја

Едноставно и вкусно јадење: Гурманска проја

Следниот ручек комплетирајте го со гурманска проја.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 2 чаши кисела вода
  • 2 лажици ајвар
  • 1 шолја пченично брашно
  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1/2 шолја пченкарен гриз
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2 лажички сол
  • 100 гр сувомеснато
  • 100 гр кашкавал
  • 2 кисели краставички

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со миксер па додајте кисела вода, а потоа и ајвар. Полека сѐ соединете па постепено со благо мешање ставете го прво пченичното брашно, потоа пченкарното и на крај гриз. Посолете и благо соединете.

     

  2. На крај измешајте ситно сечкано сувомеснато, кашкавал и краставички. Добиената смеса ставете ја во намастен плех со калапи и печете 30 минути во рерна на 200 степени. Послужете топло со јогурт или кисело млеко.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки