Ова е наједноставниот рецепт за руска салата

Ова е наједноставниот рецепт за руска салата

Надополнете ја вашата славска или празнична трпеза со оваа салата со богат вкус.

Состојки:

  • 150 гр компири
  • 150 гр моркови
  • 150 гр грашок
  • 150 гр кисели краставички
  • 200 гр шунка Пекабеско
  • 300 гр мајонез
  • 2 варени јајца
  • 1 лажица сенф
  • 2 лажици сок од лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите и морковите исечкајте ги на ситни коцки. Ставете во врела посолена вода и згответе ги. Згответе грашок додека не стане мек (околу 15 минути).

     

  2. Шунката, киселите краставички и варените јајца исечкајте ги на коцки. Сите состојки измешајте ги, додајте мајонез, сок од лимон и зачини. Добро измешајте и ставете во фрижидер да се излади. Сервирајте ладно.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text