Вкусно пилешко со балсамико

Вкусно пилешко со балсамико

Вкусен ручек од пилешко месо…

Состојки:

  • 700 гр пилешки батаци
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици балсамико
  • 1 неизлупен портокал исечкан на осмини
  • 1 лажица путер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Загрејте рерна на 230 степени. Пилешкото посолете го и побиберете го. Во поголем плех за печење загрејте масло. Додајте пилешко со кожата кон долу и печете на средно силен оган додека не стане златно и крцкаво (околу 7 минути). Тргнете го пилешкото од плехот, излејте го маслото на кое се печело пилешкото, вратете го пилешкото назад, овој пат со кожата кон горе и ставете во печка. Печете додека не се испече до крај (околу 10 минути). Повторно тргнете го пилешкото од плехот. 
  2. Повторно загрејте го плехот, додајте балсамико и парчиња портокал. Гответе мешајќи додека портокалот не омекне. Тргнете од оган и додајте путер и мешајте додека не се растопи до крај. Пилешкото послужете го прелиено со сос.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text