Вкусно предјадење: Јајца со шунка

Вкусно предјадење: Јајца со шунка

Брзо и ленсо направете вкусни јајца со крем од шунка!

Состојки:

  • 8 варени јајца
  • 200 гр Пекабеско шунка
  • 2 дл павлака
  • 1 дл мајонез
  • 1 краставица
  • 1 домат

Начин на подготовка:

  1. Сомелете шунка во машина за месо или блендер. Варените јајца исечете ги по должина и извадете ги жолчките.
  2. Жолчките добро изгмечете ги со вилушка и измешајте ги со мелена шунка и павлака.
  3. Наполнете ги јајцата, поклопете ги со краставица исечена на тенки парчиња и украсете ги со мајонез и тенки парчиња домат.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки