Домашен чоколаден крем

Домашен чоколаден крем

Неодолив крем од чоколадо…

Состојки:

  • 1,5 дл млеко
  • 200-300 гр шеќер
  • 200 гр маргарин
  • 200 гр млеко во прав
  • 100 гр чоколадо
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Ставете млеко, шеќер и маргарин на слаб оган да се растопат.

    Кога ќе се зготви, тргнете го садот од оган, измешајте ванилин шеќер и млеко во прав. Мешајте со жица или матете со миксер (за да нема грутки).

    Смесата поделете ја на 2 дела. Првиот требда да остане бел, а во другиот додајте чоколадо и мешајте да се растопи (додека смесата е се уште жешка).

    Во некој подлабок сад ставете ги двете смеси одеднаш (една држете во левата, друга во десната рака) и оставете да се излади. Домашниот еурокрем не е многу густ, но не смее да биде редок.

     

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки