Шницли со рендан компир

Шницли со рендан компир

За следниот ручек ви предлагаме да подготвите шницли со рендан компир.

Состојки:

  • 500 гр пилешко месо
  • 2 средни компири
  • 1 помала главица кромид
  • 1/2 црвена пиперка
  • 1 јајце
  • 2 дл павлака за готвење
  • сол
  • бибер
  • зачин

Начин на подготовка:

  1. Шницлите исчукајте ги и посолете ги. Компирите изрендајте ги, ситно исечкајте кромид и пиперка и измешајте со павлака за готвење, јајца и зачини.

     

  2. Шницлите наредете ги во плех, од горе ставте од смесата од компири и печете во рерна на 200 степени додека не порумени.

     

Добар апетит!

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко