Сочна пита со мелено месо и компир

Сочна пита со мелено месо и компир

Сочна и вкусна пита со мелено месо и компири…

Состојки:

  • 1 среден компир
  • 1 лажичка масло
  • 500 гр свинско мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • малку цимет
  • малку мускатно оревче
  • сол
  • бибер
  • 100 мл бујон
  • 400 гр лиснато тесто
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  2. Излупете го компирот, исечете го на коцки и згответе го додека не стане мек, а потоа испасирајте го.
  3. Во тава на масло испржете сечкан кромид и мелено месо. Кога месото ќе поприми браун боја, додајте и лук, зачини, супа, бибиер, сол. Добро измешајте и тргнете од шпорет. Додајте пире од компир и оставете да се излади.
  4. Во округол плех ставете половина од тестото. Ставете фил, поклопете со другата половина и добро затворете ги краевите.
  5. Избоцкајте ја површината со вилушка, а потоа премачкајте со разматено јајце.
  6. Печете во загреана рерна околу 30 минути.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Специјалитет: Похoван и печен пилешки стек

singlepost_text