Вкусно рижото со лосос

Вкусно рижото со лосос

Здрав и вкусен ручек од ориз и риба лосос.

Состојки:

  • 2 филети лосос
  • 1 шолја ориз
  • 1 конзерва домати пелати
  • 1 главица кромид
  • 100 мл бујон
  • 100 мл вино
  • 50 гр путер
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • 10 маслинки
  • коријандер
  • копар
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот кратко динстајте го па додајте маслинки исечкани на кругови. Додајте пелати па иситнете. Додајте лук и ориз. Динстајте кратко, а потоа додајте вино. Оставете алкохолот да испари, па полека додајте бујон.

     

  2. Кога оризот ќе го впие бујонот, додајте вода и зачинете. На малку маслиново масло испржете филети лосос. Исечкајте ги на парчиња па додајте ги во рижотото. Додајте путер и сечкан коријандер и копар.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Специјалитет: Похoван и печен пилешки стек

singlepost_text