Идеален ручек: Вариво со компир и шампињони

Идеален ручек: Вариво со компир и шампињони

Вкусно јадење од компири и шампињони…

Состојки:

  • 500 гр јунешко без коски
  • 5 компири
  • 2 моркови
  • 1 главица кромид
  • 350 гр шампињони
  • сол
  • бибер
  • мешавина од зачини
  • мелена црвена пиперка
  • 1 лажица брашно

Начин на подготовка:

  1. На малку масло пропржете ситно сечкан кромид па, кога ќе стане стакласт, додајте јуншко исечкано на коцки. Зачинете по вкус па прелијте со вода и гответе околу 50 минути.

     

  2. Додајте исечкан компир и морков. Зачинете со мешавина од зачини и гответе околу 20 минути. По потреба долијте вода.

     

  3. На масло пропржете шампињони исечкани на листови, па додајте во месото.

     

  4. На масло пропржете лажица брашно и лажица пипер, па додајте во месото со зеленчук. Побиберете и оставете уште 5 минути да крчка на слаб оган, па послужете.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text