Чинија со супер вкус: Чорба од домати

Чинија со супер вкус: Чорба од домати

Направете супер вкусна чорба од домати.

Состојки:

  • 600 гр. домати
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 струк целер
  • 500 мл. пилешки бујон
  • 55 гр. шпагети
  • магдонос, сол и бибер

Подготовка:

  1. Се става маслиново масло во шерпа и се додаваат сечените домати, кромид, лук, целер.
  2. Се вари се со капак 45 минути.
  3. Се пасира и процедува смесата низ сито. Се меша со бујонот и се става да поврие.
  4. Се додаваат тестенините и се вари уште 10 минути, се ставаат зачини.
  5. Се става магдонос и се сервира.

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука