Вкусна салата со пилешко, брокула и грозје

Вкусна салата со пилешко, брокула и грозје

Рецепт за необична салата со пилешко, брокула и грозје.

Состојки:

  • 1 главица брокула 
  • 1,5 дл мајонез 
  • 60 гр рендан пармезан 
  • 400 гр варено исечкано пилешко месо 
  • 300 гр крупно грозје 
  • 3 лажици исцеден сок од портокал 
  • 2 лажички сечкан свеж магдонос 
  • семки од сончоглед 
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Измијте ја брокулата, раздвојте ги цветовите и обварете во посолена врела вода 5-7 минути. Потоа изладете под млаз вода и добро исцедете. 

     

  2. Измијте го грозјето, одвојте ги зрната од петелки и пресечете ги на половини. 

     

  3. Во сад за салата измешаје, мајонез, пармезан и сок од портокал. Додајте варено пилешко месо, грозје, брокула, сончоглед и магдонос. Посолете по желба, измешајте и послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

singlepost_text