Рецепт за маринада, како да направите сочно и вкусно месо.
Состојки:
- 1-1,5 кг месо
- 3 лажици павлака
- 3 лажици масло
- 50 мл млеко
- 1 лажица сенф
- 2 лажички сув зачин
- 1 лажичка ситна црвена пипер
- 1 лажичка кари
- 1/2 лажичка рузмарин
- 1 чешне лук
- сол
Начин на подготовка:
- Месото исушете го и посолете го. Измешајте ги сите наведени состојки, во добиената маринада извалкајте го месото, прекријте и оставете еден час во фрижидер.
- Наредете во тепсија или огноотпорен сад, поклопете и печете околу 30 минути на 220-230 степени. Тргнете го капакот и оставете уште десетина минути да се запече.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки