Брзи и вкусни полнети домати

Брзи и вкусни полнети домати

Брзо и вкусно јадење од домати…

Состојки:

  • 4 средни домати 
  • 1/2 мал морков 
  • 1/2 стебло целер 
  • 1/2 главица кромид 
  • 1-2 чешниња лук 
  • 1/4 лажичка оригано 
  • 2 лажички маслиново масло 
  • 1 лажица бело вино 
  • 85 гр презла 
  • 2 лажици рендан пармезан 
  • 3-4 листови ситно сечкан босилек 
  • 1 лажица мешавина од зачини

Начин на подготовка:

  1. Исечете ги врвовите на доматите и сочувајте ги. Издлабете ги доматите, а пулпата сочувајте ја. 

     

  2. Сомелете морков, целер, лук, кромид и пулпата од доматите. Во поголема тава на малку масло пропржете го зеленчукот и додајте оригано, потоа додајте лажица вино и пржете уште неколку минути. Изладете, додајте презла, сув зачин, пармезан и босилек. 

     

  3. Наполнете ги доматите, покријте ги со врвовите и печете ги во намастен плех на 170 степени 15-20 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

singlepost_text