Направете го најдоброто тесто за тулумби (Видео рецепт)

Направете го најдоброто тесто за тулумби (Видео рецепт)

Со овој рецепт за тесто, тулумбите секогаш ќе ви успеваат.

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 250 мл вода
  • 5 јајца
  • 1 лимон
  • 50 мл масло
  • 1/2 л масло за пржење

Состојки за сируп:

  • 500 гр шеќер
  • 250 мл вода
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 лимон

Начин на подготовка:

  1. Ставете го шеќерот во тенџере и додајте 300 мл вода и исечкан лимон. Кога ќе зоврие додајте 2 кесички ванилин шеќер. Оставете 2-3 минути па исклучете.

     

  2. Во друго тенџере ставете 250 мл вода и 50 мл масло. Кога ќе зоврие ставете брашно и мешајте. Изладете. Во миксер ставете изладено тесто и додавајте едно по едно јајце за тестото да биде без грутки и малку поретко. Ставете масло во големо тенџере па со шприц ставајте од тестото.

     

  3. Маслото мора да биде млако. Како што маслото ќе се загрева, тулумбите ќе почнат да растат и сами да се вртат во тенџерето. Кога ќе поруменат вадете со решетка и ставајте во сирупот.

     

  4. Втората тура ставајте ја во маслото, но маслото треба да го исклучите барем 5 минути, малку да се излади и така до крај…

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text