Брзо и лесно подгответе вкусна воздушеста пита.
Состојки:
- 600 гр готови дебели кори
- 600 гр компири
- 1 праз
- 150 мл масло
- 100 мл кисела вода
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Компирите излупете ги и изрендајте ги на крупно, па оставете ги да се исцедат. Празот, и белиот и зелениот дел, ситно исечкајте го и пропржете го на масло. Додајте изрендани компири и многу кратко динстајте заедно со празот, додајте сол и 2 лажици бибер
- Земете 2 кори, пропрскајте ги со кисела вода и премачкајте ги со малку масло па преку нанесете фил од компири. Корите потоа свиткајте ги и ставете ги во плех. Постапката повторете ја и со останатите кори и филот.
- Свитканите кори наредете ги во намастен плех една до друга и печете ги 35 минути на 200 степени.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна