Јунешки плескавици со зачински билки: Мелено месо на скара или печено во рерна

Јунешки плескавици со зачински билки: Мелено месо на скара или печено во рерна

Совршени јунешки плескавици кои ќе ги правите постојано.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 600 гр мелено јунешко месо
  • 2 лажички мелена пиперка
  • 1 лажичка мајоран
  • 1 лажичка мелен ким
  • 1/2 лажичка мелен бибер
  • 2 лажички сол

Начин на подготовка:

  1. Кромидот и лукот излупете ги. Кромидот исечкајте го што поситно, а лукот изгмечете го и додајте го во месото во чинија.

     

  2. Додајте ги и останатите состојки, па добро измешајте.

     

  3. Смесата поделете ја на 12 делови со иста големина, обликувајте топчиња, лесно сплескајте ги и ставете на скара. Печете ги од секоја страна по 7 минути.

     

  4. Плескавиците можете да ги испечете и во рерна во плех обложен со хартија за печење.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте