Предјадење за десетка: Полнети Јајца

Предјадење за десетка: Полнети Јајца

Ова предјадење одлично се вклопува на славска трпеза.

Состојки:

  • 150 гр меко сирење
  • 8 јајца
  • 50 гр бела пченица
  • 80 гр кисели краставички
  • 100 гр мајонез
  • 200 гр сенф
  • сол
  • бибер
  • листови магдонос
  • целер
  • зелена салата

Начин на подготовка:

  1. Пченицата згответе ја во вода и оставете да се излади, а потоа процедете и на платнена салфета малку исушете ја.

     

  2. Јајцата сварете ги, пресечете ги долж и извадете ги жолчките.

     

  3. Сомелете жолчки заедно со кисели краставички, варена пченица и листови магдонос и целер. Додајте сенф и мајонез, па добро измешајте и наполнете ги половините јајца. Вака полнетите јајца сервирајте ги на овал обложен со зелена салата, декорирајте по желба и послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте