Видео рецепт: Мисиркини гради во сос од печурки

Видео рецепт: Мисиркини гради во сос од печурки

Вкусен рецепт од кујната на Подравка – Мисиркини гради во сос од печурки. Еве како да ги подготвите:

Состојки:

  • 600 грама мисиркини гради
  • сол
  • Vegeta maestro бибер
  • Vegeta maestro рузмарин
  • сок од 1/2 лимон
  • масло
  • 250 гр печурки
  • 250 мл вода
  • Vegeta Fant сос од печурки

Начин на подготовка:

  1. Мисиркините гради исечени на парчиња маринирајте ги со сол, Vegeta maestro бибер и рузмарин, сокот од лимон и малку масло. Оставете кратко да отстои во садот.
  2. Во тава со малку масло испечете ги мисиркините гради од секоја страна.
  3. Во друга тава за печење со малку масло ставете ги исечканите свежи печурки. Малку пропржете ги, по што ќе ја сипете водата и Vegeta Fant сосот од печурки. Варете 5 минути.
  4. Послужете со ориз како на видеото или со додаток по ваша желба и вкус.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk од кујната на Подравка:

Видео рецепт: Тестенини болоњезе од рерна

Пилешко во сос од сирење (Видео)