Колач со дуњи и ореви: Мирисен и вкусен

Колач со дуњи и ореви: Мирисен и вкусен

Почастете се себе си со овој сочен и освежувачки колач.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 80 мл масло
  • 200 гр кисело млеко
  • кора од лимон
  • 200 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр суво грозје

Начин на подготовка:

  1. Јајцата разматете ги, додајте брашно и прашок за печиво, кора од лимон, масло, кисело млеко и добро измешајте. Дуњите исчистете ги , исечкајте ги на коцки и обварете. Исцедете и добро изладете. Плех со големина од 32х13см обложете со хартија за печење, па ставете половина од тестото и изедначете.

     

  2. Редете ред дуњи, па мелени ореви и суво грозје на оревите. Во оревите додајте 2 лажици шеќер и малку млеко.

     

  3. Ставете го остатокот од тестото и израмнете. Од горе посипете со малку сечкани ореви/лешници.

     

  4. Печете на 200 степени околу 45-50 минути. Изладете и исечкајте.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text