Вкусно предјадење готово за 10 минути: Пиперки полнети со кајмак и кулен

Вкусно предјадење готово за 10 минути: Пиперки полнети со кајмак и кулен

Ова феноменално предјадење можете да го сервирате и како додаток на главното јадење.

Состојки:

  • 3-4 свежи исчистени пиперки
  • 180 мл кисела павлака
  • 3 чешниња лук
  • 100 гр кајмак
  • 1 домат
  • 100 гр кулен
  • 1 лажичка сусам
  • 1 лажичка магдонос

Начин на подготовка:

  1. Пиперките измијте ги и исчистете ги, а куленот исечкајте го, како и доматот на коцки. Потоа измешајте ги сите состојки (павлака, кајмак, лук, домати, кулен, сусам и магдонос) и полнете ги пиперките со таа смеса. Откако ќе ги наполните, пиперките исечкајте ги на парчиња со дебелина на прст и наредете ги на чинија. Декорирајте по желба.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?