Колач со костени

Колач со костени

Вкусен есенски колач…

Состојки:

  • 90 гр путер
  • 150 гр шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 3 јајца
  • 200 гр пире од костени
  • 150 гр мелени бадеми

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете путер со шеќер во прав и ванилин шеќер, а потоа додајте едно по едно јајце. Пирето од костени измешајте го со бадеми, па соединете со смесата.

     

  2. Ставете во четвртаст плех за печење кој претходно сте го намастиле со масло или путер или сте го обложиле со хартија за печење и печете во загреана рерна на 190 степени од прилика 50 минути.

     

  3. Кога ќе се излади, колачот можете да го украсите по желба, чоколадо за готвење, шеќер во прав или со малку шлаг.

Уживајте!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука