Направете гибаница од три состојки, брз и многу вкусен појадок.
Состојки:
- ½ кг кори за пита
- 6 јајца
- 1 л.јогурт
- сол и масло
Подготовка:
- Се матат јајцата со миксер па се додава јогурт, освен 3-4 лажици од него кои ќе ги оставите за премачкување.
- Се мешаат јајцата и јогуртот и се става малку сол.
- Се подмачкува плех со масло.
- Се става лист кора, па уште една и половина се гужва и се става на неа смесата.
- По првиот ред, се зема кора и се дели на три дела, се гужваат и се ставаат во смеса.
- Редете додека има кори и смеса.
- Ако ви остане фил прелијте одозгора и ставете го и јогуртот кој остана.
- Печете на 200 степени половина час.
- Потоа печете уште 10 минути со фолија горе.
Добар апетит!