Овој рецепт можете да го искористите како прилог во јадења од месо, но и како оброк, а вкусот е совршен.
Состојки:
- 8 парчиња ладна палента
- 1 лажичка сув рузмарин
- 1 лажичка сечкан лук
- сол
- бибер по вкус
- маст или путер
Начин на подготовка:
- Загрејте во тава доволна количина маст за пржење. Додајте рузмарин, за маснотијата да се ароматизира.
- На маст пржете парчиња палента 5 минути од секоја страна. Пржената палента извадете ја на хартиени салфети кои ќе го впијат вишокот маснотија. Посолете и побиберете.
- Послужете со сос или како прилог со јадење.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна